ГОЛЕМИНАТА Е ВАЖНА ПИШУВА: ВИКТОР БИВЕЛ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МИРОТ И ПРОСПЕРИТЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВАЖНА УЛОГА ЌЕ ИГРА ПРАВИЛОТО НА БРОЈНОСТА НА МАЛЦИНСТВОТО ВО ОДНОС НА МНОЗИНСТВОТО. КАКВИ СЕ СВЕТСКИТЕ СПОРЕДБИ ВО ТАА СМИСЛА И КОИ РЕШЕНИЈА Н СТОЈАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДА ЈА ЗАЧУВА СВОЈАТА СТАБИЛНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ? Албанскиот бунт и тероризмот во Македонија во 2001 година, проследени со нивното мирно прифаќање од страна на меѓународната заедница, со едностраните концесии на македонската страна направени во Охридскиот договор, како и другите проблеми во државата, каков што е бавниот економски развој на земјата, остави многумина Македонци низ светот замислени за иднината на Македонија и за тоа што можат тие да сторат за да н помогнат на татковината. Една од најтешките работи што сега треба да ја прифатат Македонците е дека, според Охридскиот договор, долго бараниот идеал за Македонија како татковина на Македонците доживеа уназадување. Според новиот Устав, Македонија веќе не е татковина за Македонците на начин како што Албанија е татковина за Албанците, а Грција за Грците. Коментаторите оценија дека уставните измени значат дека македонското општество повеќе не се базира врз "етничкиот" модел како што е случајот со нејзините соседи. Иако меѓународната заедница тој модел сега го нарекува "граѓански", во реалноста се работи за би-етнички модел: пред Охридскиот договор, Македонија беше земја на една нација, македонската, а сега е земја на две нации, македонската и албанската. Како се случи идеалот за татковината за Македонците да претрпи вакво
уназадување и што можат луѓето од македонско етничко потекло, вклучувајќи
ги и оние што живеат надвор од Македонија, да сторат за да ја изградат
Македонија како безбедна, мирољубива и просперитетна земја? ГОЛЕМО МАЛЦИНСТВО Ова, се разбира, не може да биде извинување за употреба на тероризам или за дестабилизирање на државата, што во случајот со Албанците е уште подрастичен преседан, бидејќи според сите балкански и светски стандарди тие веќе беа привилегирано малцинство. Но, ваквата ситуација со бројките објаснува зошто, на пример, на големите малцинства често им се дозволува официјална употреба на нивниот јазик, што не е случај со малубројните малцинства. Овој меѓунродно-политички факт објаснува зошто Албанците во Македонија постојано претеруваат во презентирање на својот број во вкупното население, спомнувајќи проценти од 30%, па дури и 40%, не водејќи сметка за податоците од неодамнешниот, меѓународно набљудуван попис на населението. Тоа исто така објаснува зошто Грција продолжува да се колне, наспроти сите факти, дека е "98% етнички грчка" и зошто признава само "муслиманско" малцинство, иако цел свет знае дека таму има и Македонци, Турци, Албанци, Бугари, Власи, Роми и др. Затоа грчката влада не презема ништо да ја разјасни целата работа. На тамошниот попис на населението дури и нема графа за етничка припадност на граѓаните. ЧЕТИРИ ПАРАЛЕЛИ Австралија стана светски лидер на мултикултурализмот од најмалку две причини: бидејќи доминантната етничка група, во случајов Британци по потекло, сочинуваат околу 75% од населението; и, второ, иако има преку 200 различни малцински етнички групи, најголемата од нив (Италијанците) претставува само 4.3% од вкупното население. Во овој модел, ниту едно малцинство не е доволно големо за да претставува закана за доминантната култура. Тоа е формулата за доготраен мир. Во САД, белите Американци сочинуваат мнозинство од 75.1% од населението, но меѓу малцинствата има две многу големи: Хиспанците и Латините, коишто бројат 12.5% од населението, и Афро-Американците коишто изнесуваат 12.3% од популацијата на САД. Ова се големи проценти. Сепак, нивната очекувана политичка сила е намалена, бидејќи населението е дисперзирано низ целата земја. Доколку секоја од овие етнички групи би се сконцентрирала во одредени држави во САД, нивното право на добивање привилегии би се зголемило. На пример, ако доволно Хиспано-Американци се преселат во Ново Мексико, во Калифорнија или во Тексас, каде што веќе претставуваат прилично силни заедници, и доколку доволно Афро-Американци се преселат, на пример, во Луизијана, Мисисипи или Џорџија, со што секоја од групите би станала мнозинство во овие држави, тогаш сигурно би добиле нови права. Меѓу другото, ако се определат за тоа, би се здобиле и со правото за референдум и отцепување од САД. Токму таква е ситуацијата во Канада, исто така една мултикултурна земја со многу етнички групи. Оние со француско потекло сочинуваат околу 23% од народот, но се работи за компактна група, особено во Квебек каде што на 81% од населението францускиот му е мајчин јазик. Досега Квебек веќе спроведе два референдума за независност - и двата неуспешни само за неколку проценти од гласовите. Ако продолжиме со анализата и го погледнеме Фиџи, гледаме земја што историски имала една доминантна група - Фиџијците - но каде што под управата на британскиот колонијализам биле донесени многу индиски работници чиишто наследници, по Втората светска војна, го надминуваат бројот на домородните Фиџијци. Во 1988 година Индијците освоија мнозинство од парламентарните места, ситуација што стана неподнослива за домородните Фиџијци. Оттогаш во наредните 14 години на Фиџи се случија 3 државни удари за да се зачува владеењето на домородните Фиџијци. По одредено преселување на населението, спроведено од страна на власта, сегашниот етнички микс е 50.8% фияијци и 43.7% индијци. МАКЕДОНСКИ МОДЕЛ Корените на македонската демографска дилема лежат во доаѓањето во Македонија на 150.000 Албанци од Косово во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век. Да не се случеше ова, Албанците денеска ќе чинеа околу 12.5% од вкупната популација, како што беше случај во 1961 година - тоа ќе беше големо малцинство, но недоволно големо за да н се заканува на политичката стабилност на Македонија како татковина на Македонците. Резултатот на ваквото доселување е таков што процентот на етничките Македонци опадна од 71.2% во 1961 година на сегашните 66.7%. Споредете го ова со, на пример, Словенија, каде што Словенците чинат 88% од популацијата. Словенечката татковина е безбедна и ослободена од етнички поделби, па затоа тие беа во состојба да се сконцентрираат на сопствениот економски развој. Јасно е дека македонските политичари покажаа големо потценување на проблемот, дозволувајќи пропорцијата на етничките Македонци во државата да падне на толку опасно ниско ниво, а пропорцијата на етничките Албанци да се искачи на толку високо ниво. Табелата што ја објавуваме овде го поставува, во меѓународен контекст, проблемот на тоа како е ослабена позицијата на етничкото македонско население во Македонија. Оттука, не би требало да сме изненадени дека стабилноста на земјата сега е разнишана како резултат на тероризмот, вооружените инциденти и состојбата блиска до цивилна војна меѓу двете најголеми етнички групи. КАКО ПОНАТАМУ? Што се однесува до мене, мислам дека бројката што ќе обезбеди сигурност би била минимум од 75% етнички македонци во вкупното население, што би ја доближило Македонија до австралискиот модел којшто, според мене, е најдобро практично докажан во светот. Со таквото подигнување на нивото на етничкиот сооднос би се обезбедиле
значајни предности: КАКО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ОВА? Нема точни податоци за големината на македонската дијаспора. Но, конзервативните сериозни проценки говорат за 1.5-2 милиони луѓе и за уште 3-4 милиони други, вклучувајќи ги и оние кои се откажале или ја загубиле својата македонска свест. Овие бројки се доволни за постигнување на нашата цел. Поголемиот проблем е како да се мотивира една значителна цифра од нив за да се вратат во Македонија? Досега, ниту една македонска влада не покажа подготвеност да ја употреби популационата политика за постигнување политичка стабилност. И да продолжи таквиот владин став, таквата политика може да се постигне и од страна на самиот народ, само што ќе бара подолго време. Постојат многу иселени Македонци кои би сакале да се вратат и многу раселени Македонци вон Македонија кои би сакале да се преселат во Македонија. Таквите работи се случуваат во континуитет. Многумина би го сториле тоа и по најмало охрабрување. Мнозина од нив чувствуваат силна желба да н помогнат на татковината, а некои од нив би можеле да ја исполнат таа желба со едноставно враќање дома, ставајќи ја својата нога на македонска земја. Но, постојат многумина кои би сакале да се вратат, но кои не гледаат иднина за себе во Македонија, главно од економски причини. Иронично, токму ова ја чини Македонија земја на можности, зашто растот на постојните и започнувањето нови бизниси се области каде што повратниците Македонци би имале и идеи и капитал да направат важен поттик на состојбите. Бројни се успешните бизнисмени и професионалци од дијаспората кои би можеле да обезбедат вистински економски поттик доколку бидат охрабрени да започнат бизнис во Македонија. Дополнително, голем број на повратниците-македонци веднаш ќе ја зголемат побарувачката, а тоа значи и вработувањето, ќе го зголемат капиталниот и професионалниот потенцијал на земјата и ќе ја зголемат формацијата на нови бизниси. На овој начин, ако така се определи, македонската дијаспора може да игра супстанцијална, па дури и решавачка улога во решавањето на тековните политички тензии меѓу македонското мнозинство и албанското малцинство во земјата, да го забрза економскиот развој и да ги намали поврзаните социјални проблеми, невработеноста и сиромаштијата во Македонија. Ова е еден од начините да се постигне мир и просперитет во Македонија и да се обезбеди нејзината долговечност.
Земја Етничко мнозинство % од вкупно население Најголемо малцинство
% од вкупно население Македонија (1994 г.) Македонци 66.7 Албанци 22.7 Иако цифрите за мнозинствата во Албанија и во Бугарија се најверојатно преценети, тие сепак ја покажуваат релативната етничка сила на двата македонски соседи. Меѓународната споредба, пак, покажува дека, како и Македонија, многу мали земји се татковински држави за нивните етнички мнозинства, но за разлика од Македонија тие не се загрозени од опаѓањето на пропорцијата на мнозинството или од растење на бројот на малцинството. Кај нив големината на мнозинствата се доволни за да ја обезбедат стабилноста на нивната татковина. Ова не е случај со Фиџи, којшто трпи огромна политичка и социјална нестабилност, и со Малезија, во којашто мораа да бидат спроведени бројни програми со афирмативни акции за да се зачува позицијата на мнозинството во рамките на неговата татковина. Во Шри Ланка, на пример, каде што Тамилите изнесуваат 18% од вкупното население, се уште се води долгогодишна граѓанска војна меѓу двете етнички групи. Интересна е и состојбата во Хрватска, каде што Србите беа 12.5% малцинство, се до неодамнешната граѓанска војна по која нивниот број опадна на 4.5%. Белгија е еден интересен случај, каде што мирот меѓу Фламанците, кои говорат холандски, и Валонците, кои говорат француски, се одржува со помош на федералниот систем, заснован врз етнички автономни економски региони. Политичката и социјалната стабилност на етнички мешаните земји исто така зависи и од тоа колку е етнички загрижено, па дури и колку е агресивно малцинството, како и од ставовите на мнозинството во земјата. Сепак, како што покажува и табелата, во принцип постоењето на доминантно етничко мнозинство е силен фактор за социјална стабилност. Translated into Macedonian by Forum Magazine Source: http://www.pollitecon.com |